Шокантно тврдење: За неколку дена очекувајте земјотреси!
Денеска системот HAARP е исклучен, за неколку дена очекувајте земјотреси, вели српскиот професор Велимир Абрамовиќ.
Тој вели дека додека траел дождот во Србија немало ни една грмотевица што според него не е нормално. А и дождот кој врнел не личел на природен дожд туку изгледало како некој да излева вода од канта. Сето тоа според професор Абрамовиќ се карактеристики на вештачки предизвикан циклон кој е предизвикан од тие HAARP антени.
Тој исто така изјави дека следното нешто што ќе се случи е земјотрес. Сепак останува нејасно дали тој предвидува дека земјотресите ќе бидат во деловите кои се зафатени од поплави или за целиот регион.
Два дена откако професорот за интернет радиото Снага народа ја даде оваа изјава серија земјотреси ја погодија Албанија со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, предизвикувајќи паника кај граѓаните, јавија албанските медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа