Волонтерка која им помага на евакуираните вратила 2.500 евра

Уште еден доказ дека во Србија има добри луѓе. 19- годишната волонтерка на Црвениот крст, Сузана Вуиќ вратила 2. 500 евра на сопственикот. 

За време на приемот на хуманитарна помош за загрозените од поплавите во магацинот на Партизан во Чачак, од една предадена јанка испаднала штедна книшка со пари.

-Пристигнуваа камиони, гардероба и друга помош, за време на разделувањето на облеката по големина, за да може корисниците полесно да одберат, од една јакна испадна штедна книшка во која имаше многу пари, изјавила Сузана.

Оваа девојка кога видела дека станува збор за 2.500 евра, веднаш повикала полиција, а врз основа на податоци од книшката била пронајдена сопственичката.

 

19.05.2014 - 17:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега