Шеикот Мухамед бин Заједа донираше 10.000 евра на Србија

Најблискиот соработник на шеикот Мухамед бин Заједа го известил српскиот претседател Томислав Николиќ дека Обединетите Арапски Емирати ќе дадат помош од 10 милиони долари за да се санираат штетите предизвикани од поплавите.

Ова за Танјуг го изјави вечерва советничката на претседателот на Србија Станислава Пак Станковиќ.

Според неа, претседателот Николиќ ќе упати конвој хуманитарна помош кон општината Крупањ а која е обезбедена од страна на српските компании на повик на претседателот кој лично ќе им ја дели при обиколката на загрозените места.

19.05.2014 - 15:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега