Драматично: Итна евакуација во околината на Шабац

Во моментот се евакуираат десет села во околината на Шабац. Власите апелираат дека најпрво ќе се спасуваат децата и жените, за мажите да помогнат при евакуацијата.

Шефот на градскиот штаб за одбрана од поплавите генерал Љубиша Диковиќ наредил итна евакуација на жителите на десетина села на десниот брег на Сава, кај Шабац.

-Не можам да сфатам, зарем три дена поминати надвор од куќата се помалку вредни од животот. Водостојот на Сава да е понисок, да е на 590 сантиметри, нема да наредам евакуација, изјавил Диковиќ.

Тој истакна дека нивото на водата се намалува, но тоа не значи дека опасноста поминала.

-Бедемите се полни со вода и постои реална опасност дека ќе дојде до пробивање. Синоќа имавме исклучително тешка ситуација кај Чеврнтије, кои 500 војници успешно ја санираа и спречија водата да се излие и да направи катастрофа, вели генерал Диковиќ.

  Тој на жителите на селата кои се на списокот за евакуација и порача ако не веруваат толку е сериозна состојбата, сами да појдат до бедемите и да видат колку пропуштаат.

Насипот почна да попушта и постои сериозна опасност од пробивање на водата на неколку места. Првите знаци за предупредување се дека во долниот дел од насипот се појавила вода која создава кал, па поради тоа и самиот насип не е безбеден. 

19.05.2014 - 14:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега