Ѕвездата на Икс Фактор гради насип

Третопласираниот учесник во првото регионално шоу Икс Фактор, Маид Хеќимовиќ  овие денови помагаше во одбраната на родното Орашје од поплавите. Вели дека  население вредно работело и дека се надева дека заштитата ќе ја спречи Сава да протече низ градот.

-Ако влезе водата во градот целосно ќе бидеме поплавени. Но, со надчовечки напори на моите сограѓани и сите Посавци, успеавме досега да го сочуваме градот од поплавите. Ги задувавме селата од двете страна долу кон Брчко, односно Шамац. Сега е проблем што попука насипот во село Копаница кај Брчко и водата ни доаѓа од другата страна. Денеска цел дека заедно со луѓето што дојдоа да помогнат од Тузла, Градача поставуваме вреќи со песок и градевме зајачки насипи, кои сега се долги неколку километри. Друг проблем ни се заканува од страната на Шамац, бидејќи Босна веќе се излеа и водата влезе во неколку села кај Орашје така што и таму че потавувам вреќи со песок - вели Хеќимовиќ.

Исто така пејачот додава дека ќе биде на терен се додека не се смири состојбата во неговиот град. 

- -Јас веќе три дена сум на терен, ама не се жалам. Горд сум на своите сограѓани кои сите излегоа надвор и работат на одбрана на градот од поплави. Не се надеваме дека ќе ги зачуваме домовите. Водостојот на Сава опадна за еден метар, и она што оди од Шамац кон нас, ако влезе во град, се надеваме дека би било најмногу до колена. Само во градот Орашје се наполнети над 150.000 вреќи со песок. Ние сме мал град, ама вложивме големи напори - вели Маид.

19.05.2014 - 14:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега