Надојдените води од Србија претставуваат опасност за Романија

Романија во паника. Надојдените води кои доаѓаат од Србија претставуваат голема опасност за Романија.

Романскиот премиер Виктор Понта, на денешната седница на командата на вондредни ситуации изјави дека романските институции се подготвени да ги исполнат своите задолженија.

Понта истакна и дека вицепремиерот Ливиу Драгња ќе оди во градот Крајова, каде ќе биде организирана регионална команда за координација на неопходните мерки во јужните окрузи, кои се во опасност од надојдените води на Дунав.

Властите  прогласија портокалова тревога за опасност од поплави од Дунав. Тревогата е во сила до 26 мај.

Според Драгња нема опасност од излевање на реката преку заштитните насипи и нема да се нареди евакуација на населението.

19.05.2014 - 13:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега