Српски медиуми: Македонската помош тргнува за Србија

Десетици тони хуманитарна помош донирана од македонскиот народ, денес во конвој од камиони тргнува кон поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина, пишува српски Курир.

Како што соопштува Македонскиот Црвен Крст во акцијата за собирање помош, само во текот на вчерашниот ден до 17 часот се донирани преку 20 тони прехранбени продукти, 10 тони средства за хигиена, 60 илјади литри флаширана вода, илјада ќебиња, три тони млеко и храна за бебиња, 10 тони облека и 1.000 пара обувки.

Преку телефоните за донација собрани се околу 59.000 евра. Финансиските средства, пишува српски Курир, кои ќе бидат донирани преку телефонските линии наменети за донации и на жиро сметка за Фондот за солидарност за помош на Србија и БиХ ќе бидат уплатени на 31.Мај.

Собирањето помош во Македонија ќе продолжи и во наредните денови, стои во текстот објавен на овој српски портал.

 

 

19.05.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега