Српски медиуми: Македонија за браќата и сестрите во Србија

Каролина Гочева, Влатко Стефановски трио, Ареа, Нокаут, Тони Зен и Кристина Арнаудова на 28 мај ќе најстапуваат на хуманитарен концерт за Србија и Босна и Херцеговина во Спортскиот центар Борис Трајковски. Картите ќе бидат во продажба од 21 мај по цена од 500 денари а во продажба ќе бидат пуштен 10.000 карти.
„Македонците апелираат дека сите карти мора да бидат продадени. Концертот го организира Авалон кој апелира до сите мобилни оператори и телевизии да се вклучат во оваа акција“ - пишуваат српските медиуми кои изразуваат голема благодарност за пружената помош од Македонија во моментите кога им е најтешко.

19.05.2014 - 11:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега