Природата се заканува: Силен земјотрес во регионот - 5,2 степени оштетија 5 објекти

Земјотрес со јачина од 5,2 степени ноќеска ја потресе Албанија. Како што јавуваат локалните медиуми, земјотресот со епицентар во средишниот дел на западниот сосед, најмногу се почувствувал во градот Церик каде се оштетени 3 згради и две училишта. Земјотресот бил со епицентар на 43 километри јужно од Тирана на длабочина од 10 километри.
За среќа нема човечки жртви.

19.05.2014 - 11:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега