Потресно: Ги загуби сорпугата и 2 годишниот син - се уште извлекува загрозени луѓе

Слободан Недељковиќ Џамбо (25) остана без својата сопруга и 2 годишниот син во поплавите кои ја зафатија Србија, но тој сепак, со денови помага и ги спасува жртвите во Обреновац.
Кога надојдоа водите, Слободан го однел своето семејство кај таткото на сопругата во Велико Поље, мислејќи дека таму ќе бидат на сигурно. Но поради брзото надоаѓање на водата, ти се качиле а покривот од куќата. Во еден момент таткото на жена му отиѓол по ќебе, а кога се вратил неговата ќерка и внукот веќе не биле на покривот.
Слободан се обидел да ги најде по прифатилиштата низ Белград, но од нив нема никаква трага.
„Сега им помагам на другите, се надевам дека барем ќе ги најдам нивните тела за да ги погребам како што доликува“ - изјавил за спрските медиуми Слободан кој со денови воопшто не спие и помага на својот народ. 

19.05.2014 - 11:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега