Попушта насипот на Сава, околу Шабац драматично - наредена итна евакуација

Итна евакуација е наредена за десетина села во околината на Шабац, јавуваат српските медиуми. Според информациите објавени таму неколку насипи по течението на Сава веќе попуштаат и есетина села се наоѓаат во вистинска опасност, поради што властите побарале итна евакуација. Војската и полицијата се веќе на терен но се соочуваат со проблеми со локалното население кое одбива да го напушти имотот. 
Истовремено, војската и полицијата работат на санација на насипот. 
Српските медиуми информираат дека за сега, самиот град Шабац не е загрозен. 

19.05.2014 - 10:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега