Метеорологот кој ја предвиде поплавата: Доаѓа нова опасност!

Метеорологот Игор Ковачевиќ кој беше единствен што прогнозираше дека доаѓаат снег и поплави на Балканот, повторно се огласи, тврдејќи дека доаѓа нова опасност и закана за жителите.

Два дена пред катастрофата која најмногу ги погоди БиХ и Србија, метеорологот тврдеше дека доаѓа опасност, но не беше сфатен сериозно. И покрај 48 часа предност на предупредувањата во однос на катастрофата, не беа покренати припреми за предвидената опасност. Сега Игор тврди дека со доаѓањето на повисоки температури ќе дојде и нова опасност, бидејќи кога снегот ќе се стопи, ќе се дојде до полош ефект.

-Мене прктично ме боде во очи онаа голема количина на снег на планините во Босна, бидејќи со топењето кое пристигнува, а може да биде изразено и следната недела, сетоа тоа наеднаш ќе се топи и ќе ги активира плнинските потоци и реки, само се надевам без поголеми последици, вели Ковачиќ.

19.05.2014 - 10:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега