Нова мисија во Србија- мора итно да се заштити термоелектраната „Никола Тесла“

Заштита на термоелектраната „Никола Тесла“ во Обреновец е приоритет ова утро, таму тргнаа 13 камиони со вреќи полни со песок.

Првиот бран стигна и до Белград и денес ќе се работи на одбрана на главниот град, но српските медиуми пренесуваат дека сепак во Обреновец итно мора да се помага.

 

Според извештаите, утрово од 28 камиони со вреќи, 15 ќе останат во главниот град за да се избегне поголема штета. Тринаесет од нив итно ќе бидат префрлени за заштита на ТЕНТ (термоелектраната „Никола Тесла“).

 

Синоќа министерот Александар Антиќ изјави дека проблемот се зголемува поради пораснување на Дунав, како и новиот бран од Хрватска, токму делот околу ТЕНТ има најголем водостој.

19.05.2014 - 09:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега