Водата во Добој се повлече но тиња остана низ градските улици

Во градот Добој, кој беше погоден од поплавите, водата денеска се повлече, но низ градските улици остана големо количество на тиња и во тек е санирање на теренот, објавија медиумите во Република Српска.

Добој повеќе не е во опасност од поплави, а по повлекувањето на водата жителите чистат, го исфрлаат мебелот и калта од надојдената вода во претходните денови. 

Постојано се доставува вода за пиење, храна и останати потребни намирници.

Повозрасните жители на Добој, кои ги паметат поплавите од 1965 година, велат дека водената стихија не била ниту блиску до катастрофата која ја преживеале претходните денови.

Републичките и локалните власти апелирале до граѓаните да им помогнат на полицијата, војската, пожарникарите и припадниците на Цивилната заштита при расчистувањето, со цел што побрзо да се започне со дезинфекција и дератизација на целото подрачје и да се спречат зарази и болести. 

19.05.2014 - 09:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега