Најмалку 44 луѓе загинаа во попавите што ги зафатија БиХ, Србија и Хрватска

Најмалку 44 луѓе загинаа во попавите во последните четири дена што ги зафатија БиХ, Србија и Хрватска.

- Во Обреновац пронајдени се 12 безживотни тела, се стравува дека нивниот број е поголем, а едно лице починало од природна смрт, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Со жртвите од Обреновац бројот на загинати во Србија се искачи на 16 лица.

Во БиХ властите соопштија за најмалку 27 загинати, а во Хрватска утрово загина еден маж.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ денеска потврди дека е пронајдена првата жртва во поплавите што ја зафатија земјата. Тој наведе дека жртвата е маж, но не го откри неговиот идентитет. Уште две лица се водат како исчезнати, по кои продолжува потрагата.

Реката Сава попладнево проби дел од насипот во близина на Брчко при што се евакира населението од пет населби на подрачјетот на дистриктот, потврдено е од кризниот штаб во Брчко.

Речниот бран кој уште вчера го поплави Босански Шамац, а потоа го загрози и Орашје стигна до Брчко, а до локалното население упатен е повик спас да најдат на покривите на куќите и таму да ги чекаат хеликоптерите за евакуација. Центарот на Брчко не е загрозен.

Состојбата е тешка и на подрачјето на Бијелина каде Дрина се влева во Сава.

По обилните дождови и поплавите во Босна и Херцеговина се регистрирани околу 300 свлечишта. Речиси една третина од територијата на БиХ, пред се североисточниот дел на земјата, наликува на езеро од кал.

Според босанските власти околу еден милион луѓе или над една четвртина од земјата живее во најпогодените зони. Селото Хорозовина во близина на Тузла е поделено на два дела поради лизгањето на земјитштето. Во свлечиштето уништени се осум куќи, а над сто се под закана.

Реоните долж реката Сава се под вода, а на некои места нивото на водата се зголемува. Стотици луѓе беа спасени со хеликоптери од поплавените градови и села.

Повеќе од 10.000 луѓе се спасени од градот Бијелина, североисточна БиХ.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дела штетите од поплчавите се проценуваат на повеќе милијарди конвертибилни марки и оти без помош од земјите во регионот и пошироко нема да можат да бидат санирани последиците.

19.05.2014 - 09:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега