Опаѓа нивото на водата во Обреноцац- евакуацијата продолжува

Нивото на водата во Обреновац опаѓа, а евакуацијата на населението продолжува, изјави изутринава началникот на оперативниот градски центар за вонредни ситуации, Александар Марсениќ.

- Во центарот на Обреновац секојдневно пристигнува помош во намирници, како и за заштита од поплави. Евакуацијата трае од минута во минута, се обидуваме на народот да му помогнеме што е можно повеќе, истакна Марсениќ. 

Тој апелираше до жителите на Обреновац, кои останале во своите домови да не излегуваат од куќите се додека не пристигне помош за да ги евакуира. 

Марсениќ додаде дека екипите за дезинфекција за на терен. 

Во меѓувреме советникот на директорот на полицијата, Братислав Дикиќ изјави дека ситуацијата во регионот на Термоелектраната Костолац Б е под контрола и оти Млава е во опаѓање. 

- По 48 часа борби со поплавите во регионот на Костолац Б, поплавите ги ставивме под контрола. Имавме пробивање на три насипи во јужниот дел на тој регион во текот на вчерашниот ден. Потоа одлучивме водата тактички да ја пренасочиме кон старото корито на реката Млава, откако не успеавме да ја спречиме, додаде Дикиќ. 

Вчера исто така е воспоставен заштитен насип во должина од девет километри, со цел да се заштити Термоелектраната и комплетната населба. 

- Имавме подготовки за евакуација на населението, но тоа не е евакуирано, бидејќи немаше потреби, потсети Дикиќ. 

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти вчера дека на територијата на Ваљево, Белград, Обреновац, Шабац, Пожаревац и Крагуевац голем број патни правни се непроодни за сообраќај, но оти ситуацијата на одредени собраќајници постепено се нормализира.

Сообраќајот е стопиран на делниците Осечина-Доње Црниљево, Пожаревац-Врбница, Жабари-Петровац, Братинац-Кличевац-Речица, во селото Маљуревац, патот за термоелектраната, бидејќи се излеа Млава, како и на делницата Лозница-Мали Зворник-Љубовља (во местото Мали Зворник) поради појава на лизгање  на земјиште. 

 

 

19.05.2014 - 09:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега