ММФ утре ја завршува посетата на Македонија

 

 

Мисијата на Меѓунaродниот монетарен фонд предводен од Ивана Владкова Холар, која престојува во Македонија од 6 мај, утре ја завршува посетата на земјава.

Тема на разговорите кои Мисијата ги имаше со надлежните во земјата беше Пост-програм мониторинг (ППМ). Консултациите по членот 4 од оваа програма се редовна проверка која се врши кај сите земји членки што се приклучуваат на ММФ.

Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки кои имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.

18.05.2014 - 10:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега