ВИДЕО: Досега невидени снимки! - еве како Вучиќ го спасуваше српскиот народ

Претседателот на Владата на Србија со воен хеликоптер пристигна до најзагрозените граѓани опколени со вода за да ги спаси и да ги доопреми со храна, вода и ќебиња.

Тој ги предводеше своите министри во акција на спасување на животите на граѓаните од полавите кои ја задесија Србија, а фотографиите кои го покажуваат сето тоа го опколија светот, и сите позавидоа на неговата храброст и човечност. 

Тој на седница на својот кабинет донесе одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, а веднаш потоа се упати кон најзагрозените делови за на заробените граѓани им ја достави хуманитарната помош. 

Тој ги посети местата Коцељево и Уб каде на граѓаните им достави вода, храна и ќебиња!

„Му реков на Верољуб Матиќ, претседателот на Општина Коцељева, една работа, поради тоа што ме викаше и плачеше, а мене ми беше тешко да го слушам како зборува за катастрофата која го снајде. Знам колку е тешко и во останатите краеви. Му реков немој само да плачеш. Доставивме и ја наместивме земјата. По тешките работи и околности охрабри го народот“, изјавил Вучиќ и додал дека најважни се човечките животи. 

 

 

16.05.2014 - 17:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега