Во Србија поплавени 936 објекти и евакуирани 7.250 луѓе

Во поплавите во Србија, предизвикани од обилните дождови, до 14 часот под вода биле 936 објекти, а во опасност се уште 1.388 објекти, додека досега се евакуирани 7.250 луѓе, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

На територијата на Општина Обреновац се евакуирани околу 2.510 луѓе, каде во спасувачката акција учествуваат 1.500 припадници на пожарникарско-спасувачката единица, на полицијата, на жандармеријата, на Противтерористичката единица и на Војската на Србија.

По излевањето на река Колубара 90 отсто од Општина Обреновац е под вода.

На територијата на Србија ангажирани се 1.785 припадници на пожарникарско-спасувачката единица со 397 возила, 91 пумпи и 566 чамци и 90 припадници на специјалната антитерористичка единица со 22 возила, четири чамци, четири камиони, еден автобус и две борбени оклопни возила.

Во спасувањето учествуваат и 390 припадници на Жандармеријата со 36 моторни возила и два чамци, 1.755 полицајци и 494 припадници на Војската на Србија со седум хеликоптери, 39 моторни возила, 21 чамец, пет пумпи и пет цистерни.

16.05.2014 - 17:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега