Уште една несреќа ја погоди Србија- силна експлозија во термоелектраната Колубара

Нова несреќа во Србија. Силна експлозија и пожар избувнаа во термоелектраната „Колубара“ во Србија, предизвикани од испаднат осигурач во една од главните трафостаници.

Според информации со кои до сега располага српската полиција, во инцидентот нема повредени, но противпожарните екипи сеуште се борат да го стават под контрола пожарот.

Заради вонредните временски неприлики, термоелектраната „Колубара“ втор ден е надвор од погон, бидејќи е поплавена и опкружена со вода.

Српскиот минситер за енегретика Александар Антиќ демантирал дека дошло до детонација, но потврдил дека има проблеми со термоелектраната во Велики Црљани.

На местото Лазаревац граѓаните, во близина на електраната, повеќе од 24 часа немаат струја и вода за пиење и буквално се отсечени од Белград.

16.05.2014 - 16:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега