Драматично: Мајка и бебенце спасени од поплавите во БиХ (ВИДЕО)

Војската на БиХ со помош на хеликоптер вчера ги евакуираше граѓаните на Маглај меѓу кои и мајката која со своето бебе беше заробена на покрив.

Во поплавениот Маглај единствено може да влезе со чамец, а комуникациите се во прекин.

Луѓето стојат на покривите од куќите и зградите и чекаат спас. Со оглед на тоа дека поради невремето е намалена видливоста запрена е евакуацијата со хеликоптери, а граѓаните се спасуваат со чамци.

16.05.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега