Пет икони „исчезнаа“ од црква во гостиварско
Засега непознати сторители во село Кичиница извршиле кражба од храмот во гостиварско, од кој што одзеле пет икони.
Според информациите кои доаѓаат од тетовската полиција, арамиите насилно провалиле во црквата со кршење на влезната врата, по што ги одзеле 4 дрвени икони во рамки и една без рамка.
Провални кражби биле регистрирани и во две викендички, кои најверојатно се случиле во периодот од 12 мај до денеска.
Од почетокот на годинава, ова е 15 кражба извршена во верски објект. На удар, најмногу се црквите во реканско-мавровскиот крај. Во шест цркви, украдени повеќе икони, стара книга, сребрен крст и други предмети. Последна регистрирана кражба беше викендов во двете цркви во Галичник. Бројката на кражби во верски објекти во гостиварско, бележи пораст, со оглед дека во 2013 година, вкупно беа регистрирани 15 случаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа