Утре ден на жалост во Словенија

 


Во Словенија утре ќе биде ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари во несреќа во рудникот за јаглен во Велење, објавија словенечките медиуми.

Еден рудар е пронајден мртов, а по двајца се трагаше во рудникот за јаглен во Велење, во североисточна Словенија. Телата на двете лица беа пронајдени вчера. Останатите 11 лица кои работеле во рудникот во моментот на несреќата успеале да излезат.

Словенечката влада вчера одлучи да го прогласи петок за ден на жалост на иницијатива на премиерот Роберт Голоб, објави словенечката телевизија Ен1.

Тоа е прва фатална несреќа во рудникот, лоциран на околу 75 километри североисточно од Љубљана, по несреќата и  загинувањето на двајца рудари во 2003 година.

Голоб најави специјална програма за помош на семејствата на загинатите, пренесе словенечка новинска агенција.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар повика на темелна истрага за настанатата трагедија.

23.01.2025 - 12:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега