„Внимавајте ќе удриме во воз" - ова биле зборовите на возачот пред страшната несреќа

 

„Внимавајте ќе удриме во воз" - ова биле зборовите кои ги изговорил возачот на автобусот пред страшната сообраќајка. 

Како што пренесува ТВ Ирис неколкумина од патниците, кои се уште биле  на местото на несреќата, ја раскажале страшната несреќа и  за тоа како присебноста им била сојузник за да можат да ги спасат заглавените сопатници.

Како што информираат од полицијата, возачот на автобусот сакал да ја заобиколи рампата и да ја премине пругата, иако сигнализацијата покажувала дека во секој момент треба да помине редовниот воз кој доаѓал од Кочани. Поради присебноста на машиновозачот е избегната поголема несреќа.

Ова е прва ваква железничка несреќа на патот Велес - Штип , во која се повредени 32 лица. За среча повредените се надвор од животна опасност.

 

13.05.2014 - 18:53
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега