Десетина пожарникари се справувале со пламените јазици - детали за пожарот во Гостивар

 

Бараката која беше седиште на Јавното претпријатие за уредување градежно земјиште - Гостивар околу пладне ја зафатил голем пожар. 

Внатрешноста и покривот на објектот се целосно уништени иако, веднаш по повикот, на терен излегле десет пожарникари со три возила. За среќа нема повредени лица во страотниот пожар.

Причините за настанувањето на пожарот и штетата ќе се утврдуваат дополнително.

 

13.05.2014 - 16:18
Фото: 
Лидер.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега