Големо невреме во Македонија: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

 

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, а на места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

Температурата ќе се движи од 11 до 23 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер. Температурата ќе доситгне до 19 степени.

До сабота ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен дожд.

13.05.2014 - 16:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега