Речиси половина од кумановските земјоделци поднеле барања за субвенции

 

Околу 3.000 земјоделци во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане или речиси половина од евидентираните поднеле барања за субвенции.

Според Подрачната единица на Министертвото за земјоделство, водостопанство и шумарство, најголем дел од апликациите се за растително производство.

- Земјодлеците немаат проблеми при поднесување на барањата. Помалку од еден процент не го испочитувале законскиот рок, 15 март, за проверка на нивните капацитети во единствениот регистар за земјоделски стопанства, вели Бранкица Павловска од Подрачната единица.

Земјоделците, апелира Павловска, не треба да ги чекаат последните денови пред истекот на рокот за аплицирање, 31 мај. 

Лани за субвенции во Куманово, Липково и Старо Нагоричане се пријавиле околу 6.000 земјоделци. 

13.05.2014 - 15:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега