И раскинало момчето па скокнала од трети спрат - детали за самоубиството на Филозофскиот факултет

Вистински хорор се случи вчера во Белград кога студентка си го одзеде животот на Филозофскиот факултет. Според податоците од српскиот Ало, се работи за 26-годишната Јована Р. која скокнала од трет спрат поради тоа што раскинала со момчето.

Како што дознава српскиот Ало, девојката околу осум часот наутро земала столче, го доближила до прозорецот и скокнала. Студентите кои се шокирани велат дека нивната колешка била повлечена и секогаш била облечена во црно. Живеела со својата мајка која е лекар, сестрата и нејзиниот татко кој исто така е познат лекар. 

И соседите на Јована велат дека се шокирани и дека не ни помислиле дека ќе се случи вакво нешто: - Во шок сме, не знаеме што се случило. Во нивното семејство немаше кавги и недоразбирања, велат тие.

Инаку, Јована студирала грчка книжевност.

13.05.2014 - 11:22
Фото: 
Факултети.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега