Пост-терминали на едношалтерскиот систем во општина Кисела Вода

 

На жителите на Кисела Вода им се олеснува процедурата за плаќање на административните такси во општината. На едношалтерскиот систем се инсталирани пост-терминали со кои граѓаните на брз, лесен и сигурен начин, без да одат во банките можат да платат за услугата.

Општинската администрација е веќе обучена и услугата функционира.

Наскоро, на овој начин, како што информира општина Кисела Вода, ќе може да се наплаќа и данокот и сите останати давачки кон општината.

13.05.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега