Австрија ќе отвори нов почесен конзулат во Битола
Во Битола ќе се отвори почесен конзулат на Република Австрија, а за почсен конзул ќе биде назначен д-р Валентина Илиева.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески изрази големо задоволство што Австрија одлучила да отвори почесен конзулат во Битола и најави интензивирање на врските со Виена, која е збратимен град со Битола.
Новиот конзул веќе ги најави можностите за поголема соработка помеѓу двете држави, нагласувајќи го значењето за економскиот и научниот напредок.
13.05.2014 - 10:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа