Попладенво подгответе се за поројни дождови и грмежи
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува умерен, а во зоната на нестабилност и засилен југозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 17 до 28 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 25 степени.
Од попладневo ќе има значителна промена на времето со нестабилност, поројни врнежи и пад на температурата. Пообилни врнежи ќе има утре, кога на места ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен и ќе дува засилен ветер. Потоа до сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа