Грчката крајбрежна стража уапси најмалку 40 илегални имигранти

Најмалку 40 имигранти кои се обиделе илегално да влезат во земјата, биле уапсени на остров во источниот дел на Егејското Море, соопштија денеска грчките власти. 

Имигрантите патувале со гумен чамец од Турција. Тие биле пресретнати од крајбрежната стража во близина на островот Лезбос, откако еден од имигрантите побарал помош преку мобилен телефон, соопшти грчкото Министерство за трговска флота.

Министерството истакна дека сите имигранти се во добра состојба, не соопштувајќи ја нивната националност.

12.05.2014 - 14:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега