Уште еден Албанец загина во Сирија

Триесет и пет годишниот Шериф Таршани од селото Молари кај Елбасан, официјално е десеттиот албански државјанин кој го загуби животот на боиштата во Сирија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Веста за убиството ја потврдиле членови на неговото семејство кои живеат во Албанија, бидејќи тој при заминувањето во Сирија со себе ги земал и сопругата, трите деца и родителите, но само тој директно учествувал во војната. Во оваа блискоисточна земја заминал во јули минатата година.

Таршани, официјално е десетти албански државјанин кој загинал на боиштата во Сирија од над стотина колку што се таму. И неговото тело како и на другите убиени Албанци, погребано е во Сирија. Вкупниот број на убиени Албанци од Балканот во Сирија не се знае, но официјано потврдена е смртта на најмалку триесет.

Најмногу се од Косово - 14 (последниот е Егзон Авдули, убиен неодамна, кој поседувал и државјанство на Луксембург од каде и заминал во Сирија пред една година) па од Албанија десет, четворица од Македонија, другите од Прешевската долина (јужниот дел на Србија). Албанците од Балканот се припадници на движењето Исламска држава на Ирак и Левантот или во фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда

12.05.2014 - 11:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега