Милчо Манчевски одржа предавање во Бразил
Музејот на човекови права Меркосур во Бразил беше домаќин на предавањето на Милчо Манчевски. Посетителите имаа можност да го погледнат „Пред Дождот“, а потоа присуствуваа на предавање и разговор преку видеолинк на тема „Човековите права низ филмскиот објектив: Разговор со Милчо Манчевски“.
Разговорот го водеа професорката Џанкарла Брунето и Николас Фон Мота, Марцио Таварес дос Сантос, директор на Музејот.
„Пред дождот“ минатата година беше издаден на ДВД во Бразил, а кога првпат играше во оваа јужноамериканска земја, освои награда за најдобар филм на фестивалот во Сао Пауло, а беше меѓу најпопуларните филмови во Бразил.
Филмовите на Манчевски се вклучени во наставните програми на над 100 универзитети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа