Зоран Трајчевски: Интернет порталите најгрубо го кршеа изборниот законик
Овие избори покажаа дека Интернет порталите како сите останати медиуми треба да бидат под соодветен режим на регулација. Токму кај интернет порталите беа регистрирани нагруби непочитувања на изборниот законик. Привиот човек на Агенцијата за Медиуми и аудиовизуелни медиумски услиги, Зоран Трајчевски во интервју за Прес24, вели дека во целиот предизборен и изборен период била очигледна тенденцијата на електронските медиуми да го почитуваат изборниот законик, но тоа не било случај кај интернет порталите, кои според Законот немаат никаква регулација, што пак отвара еден сериозен проблем.
- Според мое лично убедување и интернет порталите како сите останати медиуми треба да бидат под соодветен режим на регулација. Токму на овие избори се покажа дека токму тие најгрубо не го почитуваа изборниот законик. Ние како Агенција добивме десестици и десетици приговори од политичките партии за непочитување на Изборниот законик од страна на Интернет порталите, но за жал не можевме да реагираме бидејќи немаме никаква надлежност. Исто така мноу приговори за непочитување на Изборниот законик од страна на Интернет порталите пристигнаа и до ДИК. Не станува збор за санкции, туку за регулација, како и за сите останати медиуми. Бидејќи денес сите сме сведоци на обвинувањата од страна на одредени интернет портали за нерегуларност на изборите, а токму тие истите најмногу го кршеа изборниот законик, дурин и за време на изборниот молк. Ова го кажувам во насока дека тие ( сопствениците на интернет порталите) кои не сакаат да ги почитуваат законите се најгласни во критиките за состојбата во медиумската сфера во Република Македонија, вели Трајчевски за Прес24.
Агенцијата деновиве ќе го усвои извештајот за мониторингот на електронските медиуми, за кој Трајчевски вели дека ќе биде стручен извештај, наспроти извештајот на ОБСЕ и ОДИХИ, кој констатира сериозна пристрасност на медиумите.
-Извештајот на Агенцијата е стручен, а Извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИРХ е политичка оценка, која не содржи бројки и параметри, вели Директорот на Агенцијата, во интервјуто за Прес24.
Во поглед на оценките на меѓународните организации за слободата на медиумите во Македонија, Трајчевски вели дека состојбата не е идеална, но не се согласува со оценката дека состојбата е таква каква што се обидуваат да ја прикажат одредени кругови во Република Македонија.
- Повеќе невладини организации од странство ја оценуваат состојбата на медиумите во Република Македонија, но при тоа интервјуираат само новинари блиски до опозицијата, а не бараат мислење од релевантните институции, најгледаните телевизии, најслушаните радија или најчитаните печатени весници. Најголемиот дел од ткн ‘‘новинари‘‘ кои даваат најцрни оценки за медиумската состојба во Република Македонија или воопшто не работат како новинари подолг временски период или работат во инернет портали, кои не преставуваат медиум според Законот за медиуми, вели Зоран Трајчевски, Директор на Агенцијата за Медиуми во интервјуто за Прес24, во кое ја лоцира и причината за состојбата во која се наоѓаат медимите денеска во Македонија.
ПРЕС24: Изборите завршија, со тоа и предизборниот мониторинг на медиумите од страна на Агенцијата. Генерално која е Вашата оценка за начинот на кој медиумите фунционираа во овој предизборен и изборен период. Чинам неколку казни беа изречени, но споредбено со претходните изборни циклуси, каква е оценката на Агенцијата?
ТРАЈЧЕВСКИ: Изборите завршија, а со тоа заврши и изборниот мониторинг. Редовниот и вонредниот мониторинг на медиумите продолжува како секојдневна обврска на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги следеше медиумите во однос на почитувањето на Изборниот законик од денот на распишувањето на Претседателските избори т.е. 1-ви Фефруари. Во целиот овој период беше очигледна тенденцијата медиумите да го почитуваат изборниот законик. Агенцијата и медиумите беа во секојдневна комуникација. Агенцијата изрече 29 пркршочни санкции за непочитување на Изборниот законик за време на претседателските и предвремените парламентарни избори 2014 година, а за време на минатогодишните локални избори беа поднесени 41 прекршочни пријави против медиумите заради непочитување на Изборниот законик. Но мара да се потенцира дека буквално сите прекршувања беа од техничка природа т.е. не постоеше тенденција или намера кај медиумите да не го почитуваат законот, туку едноставно стануваше збор за ненамерна техничка или човечка грешка. Друг е аспектот на избалансираноста во известувањето на медиумите за време на изборната кампања. Ставот околу избалансираноста во известувањето на медиумите во изборниот период Агенцијата ќе го донесе наредните денови на редовна седница на Советот, после обработка на податоците од мониторингот на изборната кампања.
ПРЕС24: Ако медиумите генерално се придржуваа до законските обврски за следење на изборите, сепак начинот на кој тие известуваа беше можеби главен фокус и една од посериозните забелешки на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИРХ. Тонот на известување, пристрасноста, наклонетоста . Како ги коментирате овие забелешки на ОБСЕ и ОДИХР?
ТРАЈЧЕВСКИ: Мојот личен став околу забелешките на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИРХ ги искажав јавно на седница на Советот на Агенцијата. Ставот на Агенцијата се содржи во извештајот од мониторингот на првиот круг на претседателските избори, а финалниот став за мониторингот на медиумското известување за претседателските и предвремените парламентарни избори, како што Ви кажав ќе биде донесен наредните денови. Тоа што можам да кажам сега дека Извештајот на Агенцијата е стручен, а Извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИРХ е политичка оценка, која не содржи бројки и параметри. Ќе наведам само еден пример, во Извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИРХ за известувањето за првиот круг на претседателските избори на комерцијални телевизии Сител, Канал 5 и Алфа наведени се точни проценти отстапени за претседателските кандидати. На телевизија Алфа и се дава забелешка дека и покрај тоа што отстапила повеќе време за кандидатот на СДСМ, известувањето за него било со негативен тон, а известувањето на 24 Вести, Телма и Алсат М е оценето како избалансирано. А при тоа не се наведуваат никакви бројки, проценти и аргументи за тоа. Се поставува логично прашањето како е дојдено до тој заклучок, кога на пример Телма во првиот круг на претседателските избори има отстапено околу 30% повеќе за кандидатот Стево Пендаровски.
ПРЕС24: Една одлука на Агенцијата, која се однесуваше на два медиуми, за кои Агенцијата посочи дека манипулирале со неточна анкета, предизвика доста реакции и обвинувања дека Агенцијата се ставила во фукција на владеачката партија. Дали Агенцијата за медиуми на овие избори го положи тестот на независно регулаторно тело?
ТРАЈЧЕВСКИ: Реакцијата на Агенцијата се однесуваше на фактот дека во извештајот на OSCE, ODIHR и Парламентарното Собрание на Советот на Европа нема ниту еден ред, ниту еден збор за лажната анкета на Агенцијата Рејтинг. Невозможно е во извештај на вака сериозни организации, да не биде забележан, ниту нотиран обидот на опозициската СДСМ преку презентирање на податоците од лажната анкета на Агенцијата Рејтинг да се влијае врз гласачите во Република Македонија. Односно преку груба манипулација со резултатите од една анкета да се влијае врз расположението на гласачите и на ваков незаконски начин, некој да се обиде да дојде на власт. Значи реакцијата на Агенцијата не се однесуваше директно против овие два медиуми, туку против обидот истите да бидат искористени во манипулативни цели.
Што се однесува до независноста на Агенцијата, тоа што можам да го кажам е фактот дека Агенцијата ги санкционира сите пркршувања на Изборниот законик и на ниту еден медиум не му беше прогледано низ прсти.
ПРЕС24: Кој од националните медиуми според Вас најобјективно известуваше на овие избори?
ТРАЈЧЕВСКИ: Одговорот на ова прашање како што Ви кажав ќе го донесе Агенцијата наредните денови на седница на Советот.
ПРЕС24: Иако не е во доменот на ингеренции на Агенцијата за Медиуми, сепак сметам дека сериозно внимание и дебата треба да се посвети на една друга ситуација која што се случуваше за време на овиј изборен процес. Интернет порталите. Нивното влијание е неспорно и можеби на моменти и помоќно од класичните медиуми. И на денот на изборите но и претходно овие медиуми не почитуваа ниту една законска обврска. Почнувајќи од изборниот молк, па се до оркестрирано известување во функција на една политичка пратија. Треба ли да има санкции за таквиот начин на функционирање, кој тоа треба да го регулира?
ТРАЈЧЕВСКИ: По ова прашање можам да го изнесам само мојот личен став. Според мое лично убедување и Интернет порталите како сите останати медиуми треба да бидта под соодветен режим на регулација. Токму на овие избори се покажа дека токму тие најгрубо не го почитуваа изборниот законик. Ние како Агенција добивме десестици и десетици приговори од политичките партии за непочитување на Изборниот законик од страна на Интернет порталите, но за жал не можевме да реагираме бидејќи немаме никаква надлежност. Исто така мноу приговори за непочитување на Изборниот законик од страна на Интернет порталите пристигнаа и до ДИК. Не станува збор за санкции, туку за регулација, како и за сите останати медиуми. Бидејќи денес сите сме сведоци на обвинувањата од страна на одредени интернет портали за нерегуларност на изборите, а токму тие истите најмногу го кршеа изборниот законик, дурин и за време на изборниот молк. Ова го кажувам во насока дека тие ( сопствениците на интернет порталите) кои не сакаат да ги почитуваат законите се најгласни во критиките за состојбата во медиумската сфера во Република Македонија
ПРЕС24: Слободата на медиумите е една од одредниците кои се почесто се дел од речиси сите извештаи за напредокот на Македонија. Има ли проблем Македонија со слободата на медиумско изразување?
ТРАЈЧЕВСКИ: Мојот став по ова прашање сум го искажал повеќе пати. Сигурно не можеме да кажеме дека состојбата е идеална, но повеќе од сигурно не можам да се сложам дека состојбата е таква каква што се обидуваат да ја прикажат одредени кругови во Република Македонија. Повеќе невладини организации од странство ја оценуваат состојбата на медиумите во Република Македонија, но при тоа интервјуираат само новинари блиски до опозицијата, а не бараат мислење од релевантните институции, најгледаните телевизии, најслушаните радија или најчитаните печатени весници. Најголемиот дел од ткн ‘‘новинари‘‘ кои даваат најцрни оценки за медиумската состојба во Република Македонија или воопшто не работат како новинари подолг временски период или работат во инернет портали, кои не преставуваат медиум според Законот за медиуми.
ПРЕС24: Некои политички и медиумски аналитичари оценуваат дека во Македонија има класична поделеност на медиумите по политичка линија и дека полека но сигурно новинарството во Македонија ја губи својата објективност. Кој е Вашиот став?
ТРАЈЧЕВСКИ: Мислам дека не е ништо страшно ако одредени новинари или медиуми се блиски ставовите на политичките партии од власта или опозицијата, се додека известуваат објктивно и професионално. Проблемот се јавува кога новинарот или медиумот ја користи својата моќ во лични или други цели нанесувајќи ненадоместлива штета на новинарската професија и на Република Македонија во целина.
ПРЕС24: Каде е причината за таквата состојба?
ТРАЈЧЕВСКИ: Според мое лично мислење причината за ова е многу длабока и треба да се бара во погрешниот концепт кој беше етаблиран во 1997 година со првиот Закон за радиодифузна дејност т.е. отварањето на огромен број медиуми во Република Македонија под мотото дека квантитетот ќе вроди со квалитет. Мојот став и тогаш и сега е дека тој концепт е погрешен и доведе до состојба во која заради огромниот број на медиуми во Република Македонија, истите стануваат зависни од одредени центри на политичка и економска моќ. И заради тоа новинарите и медиумите како најлесен пат до успехот го бираат доближувањето до политичките и економските центри на моќ.
ПРЕС24: Дали ригорозните санкции можат да бидат метод за канализирање на медиумите во она што значи светски, европски вредности и стандарди на новинарството?
ТРАЈЧЕВСКИ: Според мене не постојат ригорозни санкции ниту против новинарите, ниту против медиумите. Зошто некој би се плашел од санкции ако го почитува законот и известува објективно. Ако зборуваме за достигнување на професионалните новинарски стандарди според европските норми, сензационалистичкото известување и изнесувањето на шпекулации во медиумите треба полека да заминува во историјата.
ПРЕС24: Опозицијата, но и медиумите од нејзиното блиско опкружување беа против новите закони за медиуми и медиумски аудио визуелни услоги. Ставот беше дека тие го партизираат медиумскиот простор, а Агенцијата за мадиуми, според новите законски решенија се претвара во инструмент на власта за контрола на медиумите. Со кои аргументи Агенцијата ќе ги негира овие ставови?
ТРАЈЧЕВСКИ: Агенцијата не може ниту да ги демантира ниту да ги потврди овие ставови. Одредбите во медиумските закони и начинот на избор и фунционирање на Агенцијата е во целост со европските директиви и пракса. И затоа во никој случај не може да стене збор за партизирање или политичко влијание врз регулаторот. Всушност таква позитивна оценка во однос на овие два медиумски закони беше изнесена и од ЕК.
ПРЕС24: Кога очекувате комплетирање на новиот состав на Агенцијата за медиуми, согласно новите законски решенија?
ТРАЈЧЕВСКИ: Изборот на новиот состав на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги очекувам да се случи веднаш по конституирањето на новиот состав на Парламентот. Или некаде до средината на Јуни треба да се очекува новите членови на Советот на Агенцијата да започнат со своите активности
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа