ВИДЕО: Вработени во МВР биле жртви на крадците на платежни картички

 

Двајца вработени во МВР биле жртви на осумтемина уапсени, дел од таканаречената кумановска група, дознава пресс24 од извори на истрагата.

Сомневањата се дека или членовите на групата имале свој човек токму во МВР, или дека според тоа каде вработените во МВР се движеле, податоците од нивните платеѓни картички биле украдени во два многу познати скопски локали. 

Полицијата и официјално соопшти дека синоќа биле уапсени 8 лица, а по две сеуште се трага. Тие изработувале и употребуивале лажни платежни картички, со претходно украдени податоци од вистински корисници. Во полициската акција „Сити“, утврдено е дека главни организатори на организираниот криминал биле три лица од Куманово на возраст од 21 до 23 години, а во групата членувале и лица од Штип и Кичево. Во претресите кои биле извршени синоќа, откриени се уреди за снимање на податоците од платежните картички, како и многу вредни предмети кои членовите на криминалната група ги купувале за себе или планирале да ги продадат.

најчитано сега