Земал пушка и го убил заради пари - детали од крвавото убиство во Сарај

Вчера вечерта околу 20 часот, заради нерасчистени парични долгови, настанала крвава расправија меѓу З.Џ. (37), Џ.A. (35), Џ.Џ. (54) и Ш.Џ. сите од село Сарај, од една страна и Ш.Љ. и неговите пријатели од друга страна.

Вербалната расправија во дворот на Ш.Џ., наскоро прераснала во крвава тепачка. З.Џ. во еден момент се збеснал, земал ловна пушка и пукал во Ш.Љ. Повредениот веднаш бил пренесен во скопскиот Ургенртен центар, каде лекарите не успеале да му го спасат животот.

 На повреда се пожалил и Ш.Џ. кој во тепачката заработил удар од камен во главата. Тој веднаш бил пренесен во болницата „8-ми Септември“ каде му била укажана ллекарска помош.

Скопската полиција извршила увид на местото на настанот. Против учесниците во пресметката ќе бидат поднесени соодветни пријави по расчистување на случајот.

 

најчитано сега