Почина Стојан Димовски
Денеска ненадејно во својата 80-та година почина Стојан Димовски. Во својата долгогодишна активност извршуваше разни одговорни должности - беше член на Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, генерален директор на Македонската радио телевизија, секретар на Сојузната конференција на ССРНЈ, југословенски амбасадор во Уругвај, како и на многу други општествени задолженија. Во последните години беше истакнат член на Претседателството на Социјалистичката партија на Македонија и претседател на Комисијата за меѓународна соработка. Телеграма со искрено сочувство кон ужаленото семејство помеѓу другите денеска испрати и претседателот на Социјалистичката партија на Македонија Љубисав Иванов - Ѕинго.
Посмртните останки ќе бидат изложени на градските гробишта во Бутел на 23 април 2014 година од 13 - 14 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа