Кладилниците исфрлија коефициенти: Трамп 1,6 - Харис 3.3
Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во завршна фаза на кампањите за претседателските избори во САД на 5 ноември, во која се фокусираат на гласовите во колебливите држави, како Висконсин и Невада.
Истражувањата на јавното мислење во Мичиген, држава која исто така може да биде одлучувачка за исходот на изборите, покажуваат израмнета поддршка – Харис има 47 отсто од гласови, Трамп – 46 отсто.
Од изборите во 2016 година, довербата во традиционалните анкети опаѓа, а обложувалниците стануваат се поважен показател за изборите.
Според проекции на обложувачниците, Трамп има околу 65 отсто шанси за победа додека Харис – 35 отсто. Професорот по економија на Дартмут колеџот, Ерик Зицевиц верува дека обложувалниците, во ситуација кога поддршката е поделена, може да дадат веродостојни прогнози.
Па така ако денеска сакате да се обложите, коефициентот за победа на Трамп е меѓу 1,6 и 1,7 додека коефициентот за Камала Харис меѓу 3 и 3,3
Поддршка на кампањата на Трамп даде и милијардерот Илон Маск. Професорот по маркетинг, Томас Грук смета дека интересот за обложување на овие избори е поголем од претходно, поради грешки во досегашните анкети. Според Грент Фергусон, професот на универзитетот во Тексас, обложувалниците располагаат со точни информации, бидејќи во нивната работа „во игра се парите“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа