Рокас: Се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат за уставните измени

 

 

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас смета дека политичките страни во Македонија треба да се обединат за да ги спроведат уставните измени за внес на Бугарите во него - обврска која ја презеде државата за да го продолжи европскиот пат.

На заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарско прашање ја цитираше претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

-Кога претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен беше тука, на истава оваа говорница таа кажа јасна порака и би сакал да ја цитирам. Прво, имаше дискусија за одличната соработка и таа секако се заблагодари на Северна Македонија за тоа. И потоа цитирам: „Имаме јасна цел тоа да се отвори, Кластерот Основи што е можно побрзо, речиси сме стигнати до таму. Знаеме дека се работи за уставните измени коишто вашата земја се обврза да ги спроведе. Сега, потребни ни се заеднички напори, соработка и дијалог и се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе го преземат овој решителен чекор нанапред.“ И потоа продолжи дека е уверена исто како што кажа и премиерот дека можеме да ги надминеме пречките коишто се сѐ уште таму и коишто сѐ уште таму постојат, рече Рокас.

01.11.2024 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега