Патиштата низ Македонија се реконструираат

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

На патниот правец Гостивар - Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

 На патниот правец Демир Капија - Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот.

На пат на патниот правец Прилеп-Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200м. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.

Патниот правец Р-103 Неготино - Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино - Криволак - Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово - Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес - Кадрифаково се врши геодетско снимање на патот.

Според известувањето од АКТОР АДТ-Скопје, АМСМ најавува периодично затворање на сообраќајот на Магистралниот Пат Е75 во постоечкиот тунел во Демир Капија, за време на градежните работи за инсталирање на систем за заштита од одрони.

Градежните работи се предвидени да се спроведат во периодот од 28.05.2013 (вторник) до 31.05.2013 (петок) во 4 секвенци со траење од 1 час, во  периодот од 09:30 до 16:30 часот.

Секвенците кога сообраќајот ќе биде затворен за сообраќај се:  од 9:30 - 10:30; 11:30 - 12:30; 13:30 - 14:30 и од 15:30 - 16:30 часот.

Интензитетот на сообраќај  надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

најчитано сега