Снегот го поремети сообраќајот - ѕирнете каде има забрана за возење

 

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека денеска од 08,00 часот на магистралниот пат А2, Струга-Ќафасан-Струга има забрана за движење на товарни моторни возила поради обилните и континуирани снежни врнежи.

За воспоставување на нормален проток на сообраќајот граѓаните ќе бидат дополнително известени.

Според известувањето од ЈП Македонски железници – Гевгелија, во тек е и застојот во одвивањето на железничкиот сообраќај кон соседна Грција поради штрајкот на грчките железничари, којшто започна завчера на 14. април, а ќе трае неопределено време.

16.04.2014 - 13:13
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега