Заев Ивановски и Јовановски одбиваат да се сретнат со Кире Наумов
Заев Јовановски и Ивановски избегнуваат средба со Кире Наумов. Кандидатот за претседател на СДСМ кој прв ја објави својата кандидатура денеска преку сопштеие инфомираше дека неговите противкандидати ја одбиле поканата за заеднички состанок на кој требало да си пружат рака за фер избори.
Наумов инфомира и дека партискиот Конгрес ќе помине без претходно кандидатите организирано да ги претстават своите програми во општинските органзиации
„ Оваа одлука е донесена на вчерашниот состанок на Извршниот одбор. На овој начин им се скратува можноста на делегатите и на членовите на СДСМ, на јавни презентации, да бидат директно запознаени со програмите на кандидатите за претседател и да поставуваат прашања. Независно од тоа јас ќе ги продолжам своите планирани активности со кои ќе се обидам да допрам и да ја презентирам сопствената програма пред делегатите, членовите на СДСМ и пред целокупната јавност.“ - вели Наумов во дописот до медиумите