Груевски им го честита празникот на припадниците на Еврејската заедница

 

Премиерот Никола Груевски денеска, од лично и од име на Владата им го честита празникот ПЕСАХ на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија.

- Како најсилен бележник на легитимно остварените права и слободи, но и симбол на еврејскиот идентитет, историја и традиција, овој празник претставува богатство за мултиетничкиот и мултикултурниот карактер по кој е препознатлива Република Македонија. Наша е должноста и обврската да ги негуваме ваквите обележја зашто Република Македонија обединува еден отворен простор во кој се слават различностите, простор каде односите се темелат на почитување на човековото достоинство и права, почитување на принципите на демократија, отвореност и соработка, стои во честитката.

Груевски честитката ја завршува изразувајќи надеж дека и во иднина достоинствено ќе продолжи продлабочувањето и унапредувањето на ваквите вредности.

15.04.2014 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега