(ВИДЕО) Мијалков ужива во луксуз во Монте Карло: Уловен со луксузно ферари пред хотел
Поранешниот директор на УБК кој беше осуден за злоупотреба на службената положба, Сашо Мијалков, е снимен во Монте Карло како се шета со сјајно црвено „Ферари“, објави Скопје 1.
Како што пишува Скопје 1 автомобилот чини околу 700.000 долари.
Снимката, која брзо се прошири на социјалните мрежи, го покажува Мијалков како со самоувереност паркира пред луксузен ресторан и влегува во хотел. Оваа објава предизвика бројни реакции и прашања за потеклото на неговото богатство, особено имајќи предвид дека тој е осуден за кривично дело.
Мијалков беше обвинет и осуден за повеќе дела што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), но главно му застареа. Од сите дела, одлежа казна само за случајот „Империја“ во кој во спогодба со Јавното обвинителство призна вина и доби тригодишна затворска казна и конфискација на имот во вредност од, како што првично тврдеше тогашната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, 30 милиони евра. Подоцна имотот му беше проценет на речиси двојно помал износ. Затворската казна наместо во „Идризово“ ја издржуваше во затворот во Струга, кој е од отворен тип, откако непосредно пред издржувањето ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа