Се напиле па направиле хаос - пијани тетовчанки нападнале полицајци
Две тетовчанки се поднапиле па „удриле" по полицијата. Околу полноќ додека 23-годишниот тетовчанец Н.А. од Џепчиште со своето возило се движел по улицата „Иво Лола Рибар“, патот му го попречил „Голф 3“ во кој се наоѓале 27-годишната Ј.М. од Сараќино и 34-годишната Л.В. од Тетово.
Двете пијани девојки започнале да се расправаат со него, а потоа откако тој повикал полиција, тетовчанките и нив ги нападнале и ги спречиле да си ја вршат работата.
Набрзо и двете биле приведени, задржани во полициската станица во Тетово. За делото кое го направиле ќе си заработат кривични пријави.
09.04.2014 - 09:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа