Му се запалил камионот додека работел - Македонец загина во Бања Лука
Македонец вработен во компанијата „Гранит” синоќа починал во Клиничкиот центар на Бања Лука. Како што соопштуваат од болницата, се работи за Златко Г. кој синоќа еден час пред полноќ им подлегнал на сериозните повреди со кои се здобил додека бил на работното место.
Несреќата се случила во неделата во Штрпце кога возачот на камион кревал приколка која несакајќи допрела до жици на далновод, по што избил пожар, а тој се здобил со тешки изгореници по телото.
Македонецот веднашбил пренесен во болница и приклучен на апарати, но за жал иако лекарите направиле се да му го спасат животот, тој им подлегнал на повредите во болницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа