Албанец го возел своето БМВ со фалсификувана возачка
Албанец си заработи кривична пријава за фалсификување исправа.
Според податоците од полицијата, се работи за 43-годишниот Н.В. кој на граничниот преминДеве Баир на излез од Македониј, управувајќи со своето БМВ, приложил возачка дозвола која била фалсификувана.
Од страна на Основниот суд Крива Паланка на пријавениот му е изречена мерка-казна затвор од три месеци, условно за една година, како и споредна казна „протерување на странец од земјата во траење од една година“.
01.04.2014 - 13:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа