Прилепчанец фалсификувал рецепт за да си набави тромадол

 

Прилепчанец си заработи кривична пријава за фалсификување исправа. Се работи за 29-годишниот С.М. кој пред два месеци набавил лажен рецепт со препишана терапија за лекот „трамадол 50“ и на истиот со употреба на компјутерска техника изготвил и ставил лажни печати од Поликлиниката за стоматологија и медицина, со цел да може да го купи препишаниот лек.

Полицијата кај него ги пронашла лажните рецепти.

01.04.2014 - 13:27
Фото: 
Инпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега