Краделе што им дојде при рака од станови и автомобили - фатени тројца скопјани
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 40-годишните Р.Х. Р.К. и Н.Р. од Скопје кои краделе што им дошло при рака, како и против 36-годишниот З.И. за „прикривање“.
Пријавените во периодот од јули 2013 до февруари годинава на подрачјето на Центар извршиле тешки кражби така што со употреба на погоден предмет од патнички возила одземале разни предмети што се наоѓале во возилата, додека кражбите кои ги извршиле на подрачјето на Карпош и Чаир биле во станови од каде преку незаклучени врати влегувале и одземале пари, лап топ компјутери, мобилни телефони...
Според податоците од полицијата, првопријавениот лап топ компјутерите ги носел во сервисиот за компјутери „Арена“ во ТЦ „Чаирчанка“ сопственост на З.И, каде му биле откупувани за пониски цени иако З.И. знаел дека поттикнуваат од извршени кривични дела.
Од страна на судија на Р.Х, Р.К. и Н.Р. им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа